Комитет за европски интеграции

Османи: Македонија и Косово делат иста Евроатланска ориентација

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес беше домаќин на првиот заеднички Комитет за европски интеграции меѓу Република Македонија и Република Косово. "Покрај блиските билатерални односи, Македонија и Косово имаат иста евроатлантска ориентација, од што произлегуваат и заеднички регионални но и европски предизвици. Двете земји се мали земји, без излез на море, чии напредок зависи од успешната регионална соработка, но и интеграција во големите системи како што се Европската Унија и НАТО"- истакна Османи.

Од страна на Република Косово беа присутни претставници од Министерството за европски интеграции на Косово предводени од министерот за европски интеграции, Дурата Хоџа, а од Република Македонија покрај Вицепремиерот Османи беа присутни претставници на Секретаријатот за европски прашања и на Министерството за надворешни работи.

Состанокот се одржа во рамките на Спогодбата за соработка за прашања од областа на европската интеграција, потпишана помеѓу Секретаријатот за европски прашања и Министерството за европска интеграција на Република Косово.

Пред почетокот на состанокот во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се одржа прес конференција на која се обратија двајцата министри за европски прашања. Вицепремиерот Османи изрази задоволство од одржувањето на овој прв состанок на Заедничкиот Комитет за европски интеграции меѓу Република Македонија и Република Косови, кое, како работно меѓудржавно тело, ќе ја одигра главната улога за размена на стекнати знаења, унапредувањето на меѓуграничната и регионалната соработка, размената на искуства, но и размена на идеи и предлози во насока на евроатлантските аспирации на двете земји.

Покрај придобивките од размената на меѓусебни искуства, на состанокот беа отворени и темите за досегашните активности во рамките на регионална соработка, особено во контекст на регионалната соработка во рамките на ЕУ фондовите како и за заедничките проекти во рамките на Берлинскиот процес.

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе