Османи: Ковид координатори во компаниите во Штип

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на Кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од ковид-19 во Штип се  сретна со претставници на локалниот кризен штаб во проширен состав на кој покрај градоначалникот Благој Бочварски и неговиот тим, беа присутни и претставници и на здравствениот систем  во Штип, претставник на локалната полиција, како и претставници од бизнисот и работниците.

„Денеска имавме одличен и продуктивен состанок, оформена е директна комуникација меѓу локалната самоуправа, здравствените власти, претставниците на бизнисот и претставниците на вработените. Се донесе заклучок за поставување на т.н. Ковид координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките во рамките на организациите и институциите, како и да овозможат нивна полесна меѓусебна комуникација. Кај сите постои и сериозност и волја и верувам дека со спроведување на мерките и препораките набргу ќе создадат услови за безбедно одвивање на работните процеси при што економските активности и на фабриките ќе можат да продолжат“, изјави Османи.

Според него, благодарение на брзата реакција на локалната самоуправа и на централните институции, патеката на вирусот во градот и општината е оформена и предвидлива.

„Токму брзиот раст во овој втор бран на епидемијата покажува дека нема игра со коронавирусот и ако навистина сакаме да обезбедиме услови за работа и на фабриките, но и на останатите економски субјекти, едноставно треба сите да сфатат дека мора да се почитуваат мерките и препораките за социјална дистанца, за самозаштита, за строго примена на заштитните мерки и носење маски и секако одржување на личната хигиена и навремена дезинфекција“, рече тој.

Османи додаде дека „ја изгубивме битката со лажните вести“, посочувајќи на наменската пропаганда чија цел е да се манипулира јавноста преку сомнежи за постоењето и сериозноста на коронавирусот.

Притоа уште еднаш нагласи дека нема таков протокол, ниту рестриктивни мерки што ќе го  ослободат од одговорноста секој од нас да се грижи за спроведување на мерките и за самозаштита, бидејќи последиците од едно мало невнимание, кое предизвика брз продор на вирусот, се огромни.

„Во ваков случај губат сите, и бизнисот и државата, и работниците, за што е потребно особено внимание и дисциплина особено при работата на економските субјекти, на фабриките, каде има голем број работници“, изјави Османи.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе