Шефот на дипломатијата за преговорите со Софија

Османи: Кога ЕУ ќе усогласи став за францускиот предлог ќе се произнесеме, но ситуацијата во Бугарија не е охрабрувачка

„Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки на ЕУ и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација, нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме", одговори министерот Бујар Османи на прашањето за коментар за францускиот предлог за кревање на бугарското вето.

На прес-конференцијата во Охрид пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022, шефот на македонската диплиматија Османи оцени и дека не е охрабрувачка политичката сцена во Бугарија, но и дека, како што додаде, се следи патот што го трасира француското претседателство.

„Ако Франција оцени дека оваа внатрешна ситуација во Софија дозволува тие да продолжат со други чекори да се фати овој воз во јуни, ние треба да сме дел од овој процес кога ќе има став координиран од сите членки на ЕУ. Ние подготвени да ги продолжиме разговорите, но очекуваме предлог што е унифициран од сите земји-членки“, рече Османи.

На новинарско прашање зошто на Форумот нема претставник од Бугарија, тој рече дека е разбирливо што нема учесник од Софија поради нивната сложена внатрешна политичка ситуација.

„Во оваа фаза треба да се утврди дали има политичка волја да се најде решение. Ако тоа го дефинираме во овие денови, ќе продолжиме таму каде што застанавме. Викендов остваривме напредок во разговорите, сметам дека во последните денови француското претседателство треба да го преземе кормилото и да ни каже дали има простор за некаков посуштински ангажман и дали ќе одат на нареден чекор“, рече Османи.

Министерот повтори оти тој не би се откажал за можно решение во јуни, но и дека очекува насока од француското пртседатество во наредните денови.

Франција денеска ќе го достави официјалниот предлог за кревање на ветото кон Македонија, а како што претходно јавија бугарски медиуми, премиерот на Бугарија Кирил Петков после тоа до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе