На средба со дански претставници

Османи: Ја очекуваме поддршката од Данска за почеток на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со поранешни министри и пратеници од Данска, кои се во посета на земјава. 

На средбата, како што соопшти СЕП, Османи и данските претставници разговараа за актуелната состојба на земјава во однос на евроинтегративниот процес, при што вицепремиерот реферираше за досега постигнатиот успех, а ги запознал и со текот на подготовките на преговарачката структура во земјава, во пресрет на големата октомвриска одлука за старт на преговорите за членство во ЕУ.

„Поддршката која ја добиваме овие денови од европските челници и претставници од европските земји членки е од огромно значење не само за мене како вицепремиер за европски прашања, туку и за целата Влада, со оглед на тоа што се оддава признание дека навистина сме успеале во спроведувањето на европските реформи”, изјавил Османи, додавајќи дека „во очекување на големата октомвриска одлука”, продолжува со посета на европските метрополи со цел „да ги убедиме и најголемите скептици дека Северна Македонија е подготвена за старт на преговорите со Унијата”.

Претставниците од Данска ги поздравиле спроведените реформи во земјава за членство во ЕУ и НАТО, при што потенцирале дека новата данска Влада, како и претходната, високо ги цени достигнувањата на земјава во реформите, како и склучените билатерални договори со соседите.

Тие, како што се наведува во соопштението, се обврзале да ги пренесат впечатоците од нивната посета на земјава, за напредокот, за подготвеноста и за поддршката која тие ја даваат за старт на преговорите со ЕУ во октомври оваа година.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе