Вицепремиерот за Алсат-М

Османи искрен пред камера: Амнестијата е за обезбедување мнозинство за уставните измени

Оваа 2019 година ќе биде година на жнеење на успесите посеани во 2018 година и ќе се случат два важни процеси – уставните измени и добивањето датум за преговори со ЕУ, најавува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

„Тоа нема да бидат лесни предизвици, но потсетувам дека толку инвестиравме во 2018, така што предусловите се создадени. Се надевам дека нема да има пречки во поглед на филибастеринг или во поглед на техничките пречки во Парламентот. Не е добар пример тоа што се случи со Законот за борба против корупцијата, бидејќи требаше да се донесе до крајот на декември, но ВМРО-ДПМНЕ со неколку дополнителни барања го задоцни овој процес. Сега сме во тесен временски период затоа што претседателските избори треба да бидат распишани на почетокот на февруари. Нас не треба да не најдат уште едни избори без антикорупциска комисија“, вели Османи во интервју за Алсат-М.

Говорејќи за Законот за амнестија тој објаснува дека црвените линии на власта значат да не се промовира принципот на неказнивост, како основен принцип за една земја која претендира да се зачлени во Европската унија. Според него, Законот за амнестија е конципиран така за да ги амнестира оние категории кои не биле организатори и не биле вршители на насилство со што и го обезбедуваме процесот.

„Јас ќе бидам искрен тука дека овој закон е во функција на обезбедување на најважниот процес на земјата во последните три децении, но зачувувајќи го принципот дека не смее да има неказнивост. Затоа, сите насилници и организатори ќе одговараат пред законот”, изјави Османи.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе