Османи: Имам голема резерва поради Франција

Неизвесно ќе биде до крај, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во пресрет на претстојниот Самиот на шефовите на држави на 17-18 октомври во Брисел, каде нашата држава очекува датум за старт на преговорите со Европската Унија.

„Повеќето од земјите го искажале ставот дека ќе поддржат датум, особено за Република Северна Македонија, вклучувајќи ја и Холандија. Меѓутоа, очекуваме Франција да донесе одлука. Сѐ уште немаме став од Франција, имаме различни позиции на Франција и дилеми во однос на воведување на новата методологија за преговори и кога таа би се вовела, дали пред или после започнување на преговорите. Оптимист сум, но сепак со голема резерва поради неизвесноста што ја наметнува оваа недефинираност на позицијата на Франција до последен момент“, вели Османи за Детектор.

Коментирајќи ги очекувањата на граѓаните Османи вели дека ја разбира нивната резервираност поради лошото искуство кога станува збор за очекувањата за старт на преговорите.

„Ние долго време го одиме овој пат и многу пати сме биле фрустрирани. Ние имаме 10 препораки по ред од Европската Комисија за започнување на преговори кои Советот ги одбива, до сега поради грчкото вето, од јуни поради други причини. Ова е една од одлуките на ЕУ која бара консензуално одлучување, односно една земја да покаже резервираност, процесот не може да оди понатаму“, вели вицепремиерот Бујар Османи. 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе