На средба со грчката претседателка

Османи и Сакеларопулу разговараа за ЕУ перспективата и билатералните односи

Европската перспектива на Македонија, односите со Грција по Договорот од Преспа, како и ситуацијата во регионот се темите за кои разговарале грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Атина.

Како што јавува МИА од Атина, од кабинетот на Сакеларопулу соопштиле дека грчката претседателка рекла дека односите меѓу двете земји се во нов продуктивен период, нешто што се потврдува и со редовните контакти на високот ниво и истакнала дека Грција очекува уште поблиска соработка меѓу двете земји.

„Претседателката на државата увери дека нашата земја останува стабилен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија, секако секогаш со главен критериум поставените услови и почитување на принципите на добрососедство. Потенцираше дека целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа е клучно, како за интегративниот процес на Северна Македонија во Европската Унија, така и за нашите билатерални односи“, велат од кабинетот на Сакеларопулу.

Османи ја информирал Сакеларопулу за имплементацијата на Договорот од Преспа и за можностите за соработка меѓу двете земји и се заблагодарил за грчката поддршка на европскиот пат на нашата земја.

Од претседателската палата, Османи замина на средба со министерот за надворешни работи на Грција, а како што соопшти МНР, тој и Дендијас ќе разговараат за теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштиле дека фокусот на разговорите ќе биде на прашањата поврзани со билатералните политички и економски односи, вклучително и соработката за справување со последиците од пандемијата, како и теми од регионален интерес со акцентот на европската перспектива на Западен Балкан.

Шефовите на дипломатиите на двете земји по средбата ќе потпишат и три меморандуми за соработка: едниот ќе биде за цивилна заштита, другиот за соработка на дипломатските академии и третиот меѓу „Invest North Macedonia" и „Enterprise Greece".

По потпишувањето, на меморандумите ќе следи и прес конференција во грчкото МНР на шефовите на двете дипломатии.

Османи ќе се сретне и со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, додека пак еднодневната работна посета на Атина ќе ја заврши со средба со премиерот Кирјакос Мицотакис.

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе