вторник, 23 април 2024

Северна Кореја спроведе прва вежба која симулира нуклеарен контранапад

Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција КЦНА, како и други државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Врховниот лидер Ким Џонг Ун ја надгледуваше вежбата наречена „Нуклеарно чкрапало“, која беше дел од тестирањето на националниот систем за управување со нуклеарно оружје.

 

Покрај тоа што раководството на Северна Кореја сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа, според КЦНА, беше и протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.

Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза. Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.

Пред неколку дена Северна Кореја објави дека тестирала „супер-голема“ боева глава на крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тогаш беше кажано дека овие тестови се дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат никаква врска со ситуацијата во околината.

Резолуциите на ОН ѝ забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ