Како што соопшти МНР, Османи и Ле Дриан разговарале и за текот на политичкиот дијалог со Бугарија и за состојбите во Украина и како истите се рефлектираат на земјите од Западен Балкан, врз стабилноста и безбедноста на регионот и Европа во целост.
Османи му честитал на својот француски колега, Ле Дриан за лидерството на француското претседателство со Унијата во овие тешки времиња, при што нагласил дека обединетоста на ЕУ го охрабри целиот демократски свет, а особено земјите во регионот. За време на телефонскиот разговор биле добиени јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција, односно пораки за нашата подготвеност за почеток на преговорите, како и за улогата на Франција во овој процес.
„За време на разговорот Османи го информираше Ле Дриан дека Северна Македонија постигна 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика и во тој контекст потенцираше дека европската перспектива на земјата и регионот е суштински придонес за одржлива регионална и европска стабилност“, се додава во соопштението од МНР.