Шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија во Софија

Османи и Генчовска го потпишаа билатералниот протокол

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија денеска во Софија го потпишаа билатералниот Протокол меѓу двете држави со кои Македонија презема бројни обврски на патот кон ЕУ низ преговорите за кои бугарската влада се обврза дека ќе го крене ветото. Генчовска по ракувањето со Османи изјави дека Бугарија најсилно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и Албанија. Претходно, се одржа состанок на меѓувладината комисија на кој се усвоија точките од Протоколот.

Станува збор за билатерален протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, според неговиот член 12. Протоколот треба денеска да биде објавен, а неговата содржина две недели беше чувана во тајност од страна на македонската Влада, што пак, беше и една од причините за протестите во Скопје. Тоа што Османи го повторуваше е дека протоколот не е финализиран, додека Генчовска еднаш изјави дека со Османи имаат „џентламенски“ договор да не се отвора до потпишувањето.

„Бугарија најсилно ја подржува вашата интеграција во ЕУ. Им посакуваме на граѓаните на Северна Македонија успех на патот по кој долго време сакаат да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска по потпишувањето на документот.

Министерот Бујар Османи рече дека со вториот протокол се прави пресек на сработените точки помеѓу двата состанока на меѓувладините комисии и е своевиден патоказ за следното што треба да се исполни. Разговорите денеска во Софија ги оцени како многу конструктивни, со оценка дека има голем број проекти и меморандуми со кои ќе се отворат можности за соработка и подобрување на односите меѓу дветге земји врз база на меѓусебна доверба.

„Се надевам, ќе соработуваме не само како пријатели и сојузници во НАТО, туку наскоро и во рамките на ЕУ“, рече Османи и оцени дека верува оти е ова само добар почеток, и дека се отвора ново поглавје кое ќе биде вовед во надминување на сите пречки и предизвици.

Протоколот, барем како што беше најавено, ќе биде отворен за јавноста по потпишувањето, кое се случи денеска во Софија.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе