По усвојувањето на францускиот предлог

Османи и Генчовска денеска во Софија ќе го потпишат билатералниот протокол

Министерите  за надворешни работи на Македонија и на Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска претпладнево, во 10 часот по бугарско време, најавија дека во Софија ќе го потпишат билатералниот протокол меѓу двете држави, откако ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија во насока на финализирање на документот. Во протоколот нема реципроцитет во однос на македоското малцинство во Бугарија, а останува како услов вградување на Бугарите во македонскиот Устав.

Брзата процедура во однос на овој протокол, за кој македонскиот опозициски блок тврди дека беше финализиран, но се држеше во тајност заради неповолните услови за Македонија, следува откако вчера, по тридневна многу тензична расправа, македонското Собрание усвои заклучоци по однос на францускиот предлог, по што Владата на седница донесе одлука дека го прифаќа предлогот за кревање на бугарското вето изработен од француското претседателство со ЕУ.

Во протоколот, како што се дознава, има реципроцитет во некои од прашањата, но не и за права на Македонците во Бугарија. За евентуална промена на содржината во некои од учебниците ќе се разговара откако би се добиле насоки од Мешовитата историска комисија. Оваа комисија нема да биде под притисок од властите на двете држави, туку ќе биде охрабрувана да ја работи својата работа.

Отворањето на Уставот со цел вградување на Бугарите останува услов за отворање на поглавја од преговорите со ЕУ.

Според бугарски медиуми, во рамки на средбата меѓу Османи и бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска ќе се направи преглед на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ќе се договорат мерки за негово ефикасно спроведување во следниот период. За таа цел ќе биде потпишал протокол помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји,

Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието.

Првата меѓувладина конференција, како што најави Димитар Ковачевски, ќе се одржи во вторник во Брисел.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе