Османи и Димитров во Загреб: Хрватското претседателство со ЕУ има шанса да биде историско за регионот

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров кои се во работна посета на Хрватска, имаа одвоени средби во Хрватскиот сабор со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Мире Ковач, како и со претседателот на Комисијата за европски прашања, Домагој Иван Милошевиќ. 

Османи, посочувајќи на европскиот моментум кој се отвора за целиот регион со Хрватското претседателство, рече дека од вчера се засили и со новата предлог методологија на Европската Комисија.

„Сметам дека со новата предлог методологија, навистина се отвораат потенцијалите за европските интеграции на претстојните самити на ЕУ, со што Претседателството на Хрватска со ЕУ навистина добива шанса да биде историско за целиот регион, особено за Република Северна Македонија“, изјавил Османи.  

Димитров, повикувајќи се на блиските пријателски односи и интересот на Загреб за целиот регион, рече дека верува во хрватската посветена поддршка за нашите европски интеграции која ќе биде клучна за заеднички успех во наредните недели.

„Веруваме дека обновениот пристап може да резултира со двојна победа: отворање на преговорите заедно со усовршен пристапен процес. Нашите граѓани не се плашат од поголема строгост или враќање во поправна клупа доколку постои назадување. Напротив, така сметаат дека подобро ќе ги држат политичарите за збор. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор кој одамна го посакуваме. Крајно време е за започнување на здрава реформска конкуренција во нашиот регион“, порача Димитров за време на средбата.

Во рамките на посетата, Османи и Димитров ќе се сретнат и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман.

 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе