Османи и Димитров во Белгија: Препораката за преговори е заокружување на европскиот оптимизам на Балканот

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамките на работната посета на Кралството Белгија, денеска имаа средба со  Дидие Рејндерс, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни и европски прашања на која изјавиле дека земјата и натаму ќе продолжи со реформската агенда, кон трансформација согласно европските правила и стандарди, но и во насока на спроведување на европските вредности дома и во регионот.

„Билатералната посета на Белгија се случува во клучен момент откако од нејзината престолнина, само два дена претходно, добивме јасна валоризација за сѐ она што постигнавме изминатата година – Северна Македонија да има чисто и убедливо европско досие. Во срцето на земјата основач на ЕУ, онаму каде сакаме да се чувствуваме како дома, охрабрени сме што делиме заедничка визија со Белгија за тоа дека напредокот на секоја земја треба да биде објективно и соодветно препознаен и дека почетокот на пристапните преговори не значи членство, туку само отворање на вратата од еден долг пат на суштествена реформа и позитивна еволуција. Но процесот значи и пристап до една важна и докажана алатка за зацврстување на постигнатиот напредок, натамошен развој и трајна европеизација на Балканот. Тоа е наш интерес, но и силен  интерес на Европската Унија“, кажал Димитров.

Според Османи, земјата доби исклучително позитивна оценка од Европската комисија, со прецизна препорака дека е подготвена веднаш да ги започне преговорите, процес што ќе е заокружување на европскиот оптимизам во рамките на земјите од Западниот Балкан, кој, пак, претставува основно гориво за стабилизација и просперитет на регионот.

Османи, како што соопшти МНР, на Рејндерс му ги пренел намерите на Владата да стане партнер на ЕУ во соочувањето со современите предизвици во изградбата на побезбедна, постабилна и просперитетна Европа.

„Стартот на преговорите со Унијата ќе значи дополнителен стимул за земјата и натаму да ја игра улогата на главен промотор на европската идеја на Балканот, како суштинска придобивка на целиот регион, но и неспорен интерес на земјите-членки“, додал Османи.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе