Во Берлин

Османи и Димитров се сретнаа со Крамп Каренбауер, наследничката на Меркел во ЦДУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамки на работната посета на Берлин имаа средба со Анагрет Крамп Каренбауер, наследничката на Ангела Меркел на лидерското место на Демохристијанската Унија (ЦДУ) на Германија.

„Имаме исклучително важни два дена на средби и активности во Берлин. Германија е наш клучен европски партнер и поддржувач и нашата цел е овие два дена на нашите германски пријатели да им понудиме што повеќе аргументи за тоа зошто заслужуваме да го направиме следниот чекор кон Европската унија и да ги отвориме пристапните преговори. Затоа новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ ја запознавме со тоа каде беше Република Северна Македонија пред неполни две години и каде е денес, како пример за добар сосед и стабилен и веродостоен партнер во регионот. Постигнавме многу и продолжуваме да работиме со сите напори и дома и надвор, за заедно со нашите партнери да обезбедиме дофатлива европска перспектива за земјата“, изјавил Димитров.

Вицепремиерот Османи, пак, рече дека од аспект на европските интеграции Германија отсекогаш сме ја сметале за наш стратешки партнер, во чии иницијативи ги наоѓаме мотивацијата и перспективите за нашиот успех, изразувајќи очекување дека таа поддршка и взаемна соработка ќе продолжи и во иднина.

„Во периодот кој ни претстои неопходна ни е сета политичката поддршка од страна на сите наши пријатели внатре во Унијата за да ја прошириме европската приказна на Балканот, и да го отстраниме европскиот скептицизам кој навлегува преку периферијата на Европа, преку јасна и недвосмислена поддршка од страна на земјите-членки на ЕУ за европските перспективи на Република Северна Македонија, како предводник на европската идеја меѓу земјите од Западниот Балкан“, изјави Османи, посочувајќи на очекувањата од претстојните јунски самити на ЕУ, за потврда на минатогодишната одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Османи и Димитров во рамки на работната посета на Берлин ќе имаат средба и со државниот министер за Европа, Михаел Рот и ќе учествуваат на брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг, на кој ќе реферираат за текот на имплементацијата на политичките обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и за напредокот во спроведување на реформите во областите предвидени во заклучоците на минатогодишниот самит на ЕУ, како клучни критериуми пред јунскиот самит на Унијата, кога се очекува да биде потврдена одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе