Со амбасадорите од ЕУ

Османи и Димитров едногласни: Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваа на работна средба со амбасадорите на земјите - членки на Европската Унија во Македонија, организирана  од амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Иван Великов Петков. Тема на состанокот беа политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките и заклучоците од софискиот Самит посветен на Западниот Балкан.

„Нашиот фокус останува реформската агенда, и наскоро излегуваме со нов План 18, со кој ќе ги адресираме сите потребни реформи кои произлегуваат од Извештајот на Комисијата, водечките иницијативи на Стратегијата, заклучоците од софискиот самит, но и сите останати релевантни извештаи кои се во насока на евроатланските процеси“, изјави Османи.

Тој кажа дека Македонија на дело ја демонстрирала својата сериозност и зрелост која очекува да резултира со одлука на Европскиот Совет во јуни за почеток на пристапните преговори, како и покана за НАТО, подоцна на Самитот во јули.

Сличен став имаше и Никола Димитров.

„Следните недели се од особена важност за евроинтегративните перспективи на Македонија. Се наоѓаме пред одлучувачки момент кој траба да ја признае способноста на земјата да се справи со најголемата политичко-чувствителна ситуација во последните 15 години. Дополнително, постои јасна потреба да се демонстрира сојузништво и заеднички да се построиме во вистинскиот правец“, рече Димитров, додавајќи дека е дојдено времето Република Македонија заслужено да го започне европското патување со цел, од една страна, да се трансформира во силна европска демократија и да се натпреварува во реформите и во економијата со останатите земји, а од друга страна, заедно со своите партнери да се борат во справување со домашните и глобалните безбедносни предизвици.

Димитров говореше и за придобивките од одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, и ја поздрави намерата на Хрватска да биде домаќин на следниот Самит во ваков состав за време на претседавањето со Советот на ЕУ во 2020. Демонстрираното единство на лидерите од земјите членки во ЕУ и лидерите од земјите од Западен Балкан, уште еднаш ги потврди перспективите на регионот.

Димитров повика силните пораки за поддршка да се стават во пракс. 

„Република Македонија демонстрираше искрен пристап и сериозност за која е потребна соодветна валоризација на јунскиот состанок на европскиот совет преку одлука за почеток на преговори, како и покана за членство во НАТО на самитот во јули“, рече тој.

 

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе