Од средбата во ДИК

Османи и Деркоски повикаа за фер, демократски и слободни избори

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од седиштето на Државната изборна комисија упати порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.

„Секогаш кога ќе дојдам на средба во ДИК велам дека овој пат треба да има фер и демократски избори, но овој пат навистина тоа така треба да биде“, рече Османи, потсетувајќи дека на 26 март, на четвртиот ден од кампањата, е состанокот на Европскиот совет, по што следуваат и други состаноци поврзани со нашите евроинтеграции.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) порача дека секој од учесниците треба да си ја земе сопствената одговорност за организирање на изборите и граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да излезат на гласање.

Османи додаде дека на денешната владина седница ќе информира за потребата за носење на измените на Изборниот законик, кои се во нацрт верзија и сѐ уште не се во владина процедура. Последната собраниска седница ќе биде закажана на 3 февруари, кажа Османи.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе