Шефот на дипломатијата и од Загреб побара поддршка

Османи: Хрватска силно нѐ поддржува на патот кон ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со шефот на хрватската дипломатија Горан Грлиќ Радман оцени дека Хрваска силно ги поддржува македонските евроинтеграциски амбиции и информирал дека се засилени комуникациите со Бугарија за надминување на проблемите.

Министерот Османи оцени дека со Радман заклучиле оти продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде позитивен сигнал за целиот регион како суштински интерес и на земјите – членки на Унијата.

„Европската унија треба да донесе неколку исклучително важни чекори и одлуки за нас, и тоа: да ја одобри преговарачката рамка за пристапните преговори, да ја закаже првата Меѓувладина конференција и да започнат и формално пристапните преговори. Сакам да бидам искрен, со оглед на постигнатиот реформски напредок, со оглед на нашиот долг европски пат, сметам дека заслужено очекуваме ова да се случи до крајот на оваа година, за време нагерманското Претседателство со Советот на ЕУ", вели Османи.

Тој упатил благодарност за хрватската поддршка на македонските европски амбиции крунисана со одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите во рамки на хрватското Претседателство со ЕУ во првата половина од годинава, а дека Декларацијата од Загреб 2020 беше дополнителна поткрепа на определбата на земјите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи", нагласи Османи на средбата.

Османи го информирал Министерот Радман за неговата посета на соседна Бугарија.

„Ги засиливме политичките комуникации со соседна Бугарија на повеќе нивоа, а својата работа ја интензивираше и заедничката мешовита комисија за историски прашања. Верувам дека во периодот што следи соодветно ќе ги адресираме сите предизвици, и нема да дозволиме да пропадне големата заедничка политичка инвестиција за европските перспективи на целиот регион", потенцирал Османи.

Во разговорот на шефовите на дипломатијата на двете земји станало збор и за соработката во рамките на НАТО, економската соработка, туризмот, иницијативата за отворање на Културно-информативни центри во Скопје и Загреб, како и за активностите врзани за заштита и промовирање на правата на малцинствата во двете земји, кои претставуваат мост за меѓусебно зближување, како и за координација во справувањето со ковид-19.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе