Османи: Хистеријата со амандмани на законот за јазици е партиска деструктивна агенда

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, по средбите во Европската Комисија изјави дека не се сомнева во уставноста на законот за јазици и дека Владата самоиницијативно ќе го испрати до Венециската комисија за проверка.

Османи, кој во Брисел имаше средби со високи претставници на Европската комисија вели дека блокадите од страна на опозицијата во однос на законот за јазици имаат партиска заднина, пренесува МИА.

„Овој закон е прво усогласен со ВМРО-ДПМНЕ пред да биде усогласен со СДСМ. Фактот дека даваат 36.000 амандмани од кои 30.000 се за казните – дали ќе биде едно евро, две евра, до 30.000 евра колку да ги покријат амандманите, е со цел физичко спречување на законот, а не за аргументирана дебата за законот. Ние не го носиме овој закон преку ноќ. Девет месеци дебатираме во јавноста по однос на законот. Два пати е усвоен од страна на Собранието со мнозинство од 69 пратеници“, изјави Османи.

Тој не се сомнева во уставноста на законот, и додава дека веќе се повлечени одредбите кои се однесуваат на употребата на јазикот на банкнотите и униформите во одбрана, во согласнот со мислење на Венециската комисија. Според Османи, кога ќе се усвои, законот повторно ќе биде испратен до Комисијата за мислење во целост, но и дека секој има право да се обрати до Уставниот суд доколку се сомнева во уставноста на законот.

„Оваа хистерија има само партиска деструктивна агенда во еден историски момент за државата“, изјави Османи.

Напоменувајќи дека „патот на Македонија до ЕУ поминува преку Охрид“ и дека законот за јазиците произлегува од Охридскиот договор, уште додава дека согласно

забелешките на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс, за етничката сегрегација во училиштата во Македонија, ова прашање исто така ќе може да се реши штом биде донесен законот за јазици.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе