Османи-Халворсен: Два милиони евра норвешка помош за подготовка на пристапните преговори со ЕУ

Два милиони евра норвешка помош ќе добие Македонија, а дел од нив ќе бидат искористени за подготовка за пристапните преговори кои земјата треба да ги започне со ЕУ во јуни следната година.

Договорот за соработка со кој се обезбедува помошта денеска во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Норвешка, Аудун Халворсен го потпишаа норвешкиот амбасадор во Македонија и претставник на УНОПС, Канцеларијата за услуги на проекти на ОН, преку која ќе се реализира договорот.

Османи рече дека Норвешка е потврден и долгогодишен партнер и еден од најсилните поддржувачи на македонските евроатлантски интеграции. Грантот од околу два милиони евра е дел од регионалниот проект за социоекономски развој за проекти за единиците за локална самоуправа. Дел од овие средства ќе оди и за СЕП за воспоставување на мрежата за преговори со ЕУ за подготвување за влегување во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

„Оваа помош и поддршка не само што е навремена, бидејќи нема поголем приоритет за државата од преговорите за членство во моментот, туку е и на право место во СЕП. Втор добар момент е што ќе се реализира преку Канцеларијата УНОПС. Оптимисти сме дека овој проект ќе се реализира ефикасно и дека ефектите ќе бидат значителни“, рече Османи.

Според Халворсен, грантот е наменет за помош на социекономскиот развој и евроатлантските интеграции со цел да се обезбеди процесот на пристапување на земјата во ЕУ да се одвива што е можно побрзо и поефикасно.

„Клучни приоритети ќе бидат градење на капацитетите на СЕП, поддршка за главните поддржувачи и јакнење на експертизата на министерствата вклучени во овој процес. Свесни сме дека преговарачкиот процес ќе биде полн со предизвици, но доколку земјата-кандидат добро ги подготви административните капацитети ќе биде во многу подобра позиција да го води процесот на најдобар можен начин. Норвешка во два наврата почна преговори со ЕУ, и иако не сме членка на ЕУ имаме искуство од прва рака“, рече норвешкиот државен секретар.

Нагласи оти ова е единствен момент за Македонија, која се наоѓа на историска пресвртница и најави дека норвешката влада ќе продолжи силно да ги поддржува евроинтеграциите на земјата и во иднина.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе