Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Косово

Османи го радува испраќањето на македонски војници на Косово

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Мелиза Харадинај-Стубла, која го придружува косовскиот премиер Авдулах Хоти за време на неговата официјална посета на Скопје. Oсмани особено го радува фактот што во рамките на КФОР Македонија испраќа свои војници, со што ќе се зголеми довербата меѓу двете земји.

Османи и Харадинај-Стубла оцениле дека односите меѓу двете земји се одликуваат со висок степен на пријателство и заемна посветеност за градење и зацврстување на добрососедските односи.

„Особено ме радува фактот што нашите блиски односи ќе добијат нова форма на соработка преку испраќање на 44 припадници на Армијата на Северна Македонија во составот на КФОР, што секако ќе претставува придонес за понатамошната стабилност на Косово, но и чин на длабока доверба меѓу двете земји", посочи Османи на средбата.

Двајцата соговорници се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог, продлабочување на веќе интензивната економска и трговска соработка, инфраструктурната комуникација и вкупните врски меѓу двете држави. Османи ги поздравил најновите чекори и договори меѓу Приштина и Белград во насока на нормализирање на економските односи, а со тоа и отворањето на патот и за решавање и на други прашања како од интерес за двете држави така и регионот во целина.

На средбата, како што се информирам, биле отворени и темите за пандемијата, биле разгледани можностите за натамошната координација и соработка во создавањето заеднички регионален одговор во борбата против последиците на коронавирусот и во намалување на економските штети.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе