Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.

„Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани“, истакна Османи.

Османи посочи дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе