Османи: Двоглавиот орел не симболизира голема Албанија

Вицепремиерот Бујар Османи денеска ги потпишал првите документина два јазика. Тоа значи дека почна примената на Законот за употреба на јазиците.Османи денеска изјави дека наредниот месец ќе се одржи состанок со донаторската заедница за логистика во спроведувањето на законот.

„Јас денес ги потпишав првите двојазични документи, во сабота ќе седнеме да направиме акциски план со точни рокови и институции што треба да се подготви, а потоа на неделна основа да го следиме тој процес. Апсолутно да не се чувствуваат загрозени Македонците, нема да има ниту еден документ кој во него нема да го има македонскиот јазик. Второ, ова ќе овозможи граѓаните на мајчин јазик да комуницираат со државата, ќе ги зближи Албанците со државата, а тоа е целта“, рече Османи.

За фотографијата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде што обајцата со рацете симболизираат двоглав орел, Османи вели дека тоа е знак на идентификација дека е Албанец.

„Двоглавиот орел значи порака јас сум Албанец. И тоа е знак на идентификација, ако некому му пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец, тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ќе бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец. Тоа е знак на моето знаме и ако тоа знаме е службено во употреба во Република Македонија и двоглавиот орел е во службена определба и тоа е моето право да се самоидентификувам во согласност со член 48 од Уставот, кој вели дека државата гарантира слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници“, вели Османи.

Османи додаде дека во наредните месеци ќе се формираат агенција и инспекторат, кои ќе ја следат примената на Законот за јазиците во инситиуциите, а за нив од буџетот за оваа година се издвоени 15 милиони денари.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе