Османи до Тимоние: Владата ќе се фокусира на организирање фер и слободни избори

Во периодот што следи Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата, истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на денешната средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, се разговарало за актуелностите поврзани со европските интеграции на земјава, особено во пресрет на европските самити на ЕУ во март, мај и јуни за време на Хрватското претседателство со ЕУ.

„Преодната Влада се формираше според политичкиот договор низ соодветна постапка и инклузивен процес, што е доказ не само за институционалната, туку и за политичката зрелост на државата“, изјавил Османи.

Тој нагласил дека во периодот што следи Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.

На средбата се разговарало и за останатите предизвици поврзани со европските интеграции, како што е реформата на методологија за преговори на која работи Европската Комисија, предизвиците на земјава во однос на реформите, можностите за процесот на преговори во рамките на претседателството со ЕУ од страна на Хрватска како и сите останати актуелности.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе