Османи: До полноќ треба да кажеме дали го прифаќаме или не модифицираниот француски предлог

Од Мадрид се враќаме со нов изменет предлог на француското претседателство кое веднаш ќе биде ставено во процес на институционална консултација и увид на јавноста, објави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

„Огромна благодарност до претседателот Макрон, целото претседателство со ЕУ, како и на канцеларот Олаф Шолц, за нивните особени напори да се обезбеди нов ревидиран предлог како нова шанса да се деблокираат европските интеграции на земјава и целиот регион“, наведе Османи во објавата.

Тој во изјава за Канал 5 посочи дека модифицираниот предлог на Франција ги адресира забелешките што ние ги кажавме по однос на работната верзија на францускиот предлог што беше дистрибуирана помеѓу земјите членки ЕУ, но сепак треба да се разгледа целиот пакет и сите ставови и потоа официјално да се извести Париз за следните чекори.

„Францускиот претседател го претстави како финален предлог на француското претседателство, а имајќи предвид дека тоа завршува вечерва на полноќ, ќе биде наша проценка дали го прифаќаме или не го прифаќаме овој предлог“, изјави Османи, додавајќи дека и самиот француски претседател Емануел Макрон истакна дека по доставувањето на ова компромисно предлог решение претстои процес на внатрешни консултации во земјава за  негово разгледување.

Шефот на дипломатијата нагласи дека вечерва од Мадрид, каде што учествуваше на Самитот на НАТО како дел од државната делегација, се враќа во Скопје со францускиот предлог што ќе го претстави пред членовите на Владата, по што за документот ќе биде доставен и до сите релевантни институции во државата и се надева дека во текот на утрешниот ден ќе може да го претстави и пред пошироката јавност.

Владата за вечерва најави одржување седница, а претходно информира дека во следните денови ќе се извршат консултации и со политичките партии, со претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата, по што ќе се донесе одлука во однос на предлогот.

„Колку побрзо го завршиме тој внатрешен консултативен дел, толку подобро за нас по однос на самиот процес, но сепак не треба да се избрза низ чекорите. Сепак ако може да се вклопи во една подинамична агенда мислам дека тоа би било корисно“, истакна Османи.

Според него, доколку го прифатиме овој француски предлог прашање на денови е кога земјава ќе ги започне преговорите со ЕУ.

Во однос на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека се водат тајни преговори на штета на националните интереси, Османи нагласи дека не станува збор за никакви тајни разговори, посочувајќи дека тој и неговиот тим пред два дена биле во Софија на разговори со бугарската страна во однос на билатералниот дел од овој пакет.

„Разговаравме за билатералната компонента на пакетот, а тоа е протоколот, а потоа заминав за Мадрид каде со ЕУ ги продолжиме разговорите за европскиот дел од пакетот, односно за преговарачката рамка и заклучоците“, додаде Османи. 

За вечерва во 20,30 часот закажана е и конференција за медиумите на претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе