Преписка на Фејсбук

Османи до Милошоски: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје и да се обратам пред пратениците

Министерот за надворешни работи Бујар Османи му одговори на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на барањето да се обрати во собраниската Комисија за надворешна политика за преговорите со Бугарија и најави дека ќе ги вложи сите напори во среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците. 

Истовремено му порача на Милошоски дека очекува со иста ревносност да закаже седница и за избраните амбасадори. 

„Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам најмалку со иста ревносност претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање”, напиша Османи денеска на Фејсбук.

Милошоски денеска, исто така на Фејсбук, соопшти дека за среда во 15.00 часот ќе закаже седница на Комисијата и ќе го повика министерот Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за кои премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски преговараат со Софија.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе