На средба со еврокомесарот

Османи: Целта е Планот 3-6-9 да продолжи со одлука за почеток на преговори

Планот 3-6-9 во моментов претставува заокружена целина, во која се вметнати сите препораки, забелешки и сугестии кои доаѓаат од нашите меѓународни партнери, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан. 

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, присуствувале и вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министрите за правда и за информатичко општество и администрација Билен Саљији и Дамјан Манчевски.

Османи на средбата реферирал за новите делови, шест и девет од реформскиот План 3-6-9 и ги посочил извештаите на Европската Комисија, Венециската Комисија, Греко, извештаите на високата експертска група предводена од Рајнхард Прибе, како и сите останати релевантни извештаи, како главен инпут при креирањето на Планот 3-6-9.

„Целовитоста на Планот 3-6-9 има за цел, по неговата имплементација, да не продолжи во нов дел 12, туку со одлука за отпочнување преговори“, рекол Османи. 

На средбата, како што се наведува во соопштението, посебен акцент бил ставен и на областите за кои е констатирана најголема потреба за итноста на реформите, како што се: реформа на безбедносните служби, реформа на правосудството, како и реформа на јавната администрација.

Министрите Спасовски, Саљији и Манчевски реферирале пред еврокомесарот Хан за донесените стратегии, акциските планови и преземените активности при подготовката на Планот, но и за подготвеноста и посветеноста во имплементацијата на реформите. 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе