Османи: Бугарите во Македонија да побараат посебна графа на пописот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се огласи на фејсбук за реакциите за правата на бугарската заедница во Македонија и порача дека никој не смее да ги загрозува нејзините права.

„Во јавноста се појавија реакции за односот и правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Овие реакции прво беа пласирани како мислење и ставови на одредени граѓански асоцијации, а потоа посочени како проблем и од одредени официјални претставници на Република Бугарија“, напиша Османи.

Тој вели дека Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество, а покрај, вели, колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници.

„Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност, напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права.

Што е можно поскоро, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, напиша Османи.

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев вчера го оценија како мешање во внатрешните работи на друга држава, состанокот кој бугарскиот претседател Румен Радев го свика со шефовите за безбедносните служби, за како што наведоа од неговиот кабинет, „нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија".

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе