За Би-би-си на српски јазик

Османи: Албанците немаат дилема, Договорот води кон ЕУ и НАТО и го чува македонскиот идентитет

Албанците во Македонија немаат дилеми околу Договорот со Грција и ќе го поддржат на претстојниот референдум, не само затоа што ги отвора вратите кон ЕУ и НАТО, туку и затоа што го чува идентитетот на нашите сограѓани Македонци, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју за Би-Би-Си на српски јазик.

Османи изјави дека дека неговата партија ДУИ им предложила на владините коалициски партнери да направат заедничка кампања за прифаќање на Договорот пред есенскиот референдум.

„Тоа би било првпат Македонците и Албанците да прават заедничка кампања. Секогаш се делиме на избори, а ова би можело да биде добра порака за меѓуетничките односи – заеднички да ја градиме државата и да одиме во НАТО“, вели Османи.

Според него, меѓуетничките односи во Македонија ќе бидат во хармонија само ако постои јасна перспектива за членство во ЕУ и НАТО. Договорот, како што вели, ќе ги отстрани сите пречки за стабилност, економски и политички развој на земјата.

„Македонија како цивилизација и држава му припаѓа на Западот. Со земјите на Истокот имаме добри билатерални односи, но му припаѓаме на Западот. Македонија и географски и историски е на крстопат каде што се спојуваат Истокот и Западот, а познато е дека сообраќајните несреќи најчесто се случуваат на крстопатите“, вели Османи во врска со стратегиските определби на Македонија.

За очекувањата на Македонија, по постигнатиот Договор со Грција, конечно да добие датум за почеток на преговорите, Османи вели дека ако нема позитивна одлука од ЕУ за отворање на преговорите тоа би создало негативна клима во земјата дека се прават жртви без награда.

„Тоа може да се одрази на референдумот, а ако референдумот пропадне ќе пропадне и Договорот. Ако пропадне Договорот пропаѓаат и идеите за членство во ЕУ и НАТО“, нагласува Османи и додава дека тоа би се одразило негативно и врз целиот регион, а посебно на преговорите меѓу Белград и Приштина.

Македонскиот вицепремиер за европски прашања повторува дека 2018 е историска година за Македонија и ако не се искористи, како што наведува, „можат да се испомешаат ѕвездите и можеби на тој пат да не удри некој астероид“.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе