Реакција

Орка холдинг: Орце Камчев не е приведен

Од компанијата Орка холдинг информираат дека сопственикот Јордан Камчев не е приведен во новата истрага која Специјалното јавно обвинителство денеска ја отвори под името „Империја".

Претходно Камчев даде писмена изјава дека како сопственик на повеќе компании во Македонија што вработуваат над 3.000 лица максимално се отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор.

„Компаниите во кои сум сопственик со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија, и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење.

Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред сè во интерес на одржување квалитетна бизнис-клима и економски просперитет во земјава“, вели Камчев во соопштението до медиумите.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе