Во Будимпешта

Орбан го прими Мицкоски, се согласиле поддршката од ФИДЕШ да продолжи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски биле примени на партиско ниво од унгарскиот премиер и лидер на партијата ФИДЕШ, Виктор Орбан. За средбата информира ВМРО-ДПМНЕ и во соопштението нагласува дека Мицкоски на Орбан му кажал дека многу скоро неговата партија ќе има можност со брзи чекори Македонија да ја доближи до европските стандарди.

Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Орбан станало збор за ковид-кризата, а Мицкоски нагласил дека е потребна отворена соработка и поддршка „со оглед на фактот што Македонија е една од земјите која досега има најголеми последици од оваа пандемија“.

Мицкоски информирал за состојбата на јужната македонска граница како и за состојбата со авганистанските бегалци во Македонија.

„Од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше посочено дека Македонија во изминатите години владата има исклучително слаб учинок во справувањето со корупцијата и подобрувањето на економскиот амбиент во државата, што е евидентирано и посочувано од страна на нашите меѓународни партнери. Тоа се должи на немањето на капацитет и волја од страна на власта, но беше посочено дека Македонија и македонскиот народ заслужуваат отворање на процесот на преговори, затоа што реформските политички сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе имаат можност да спроведат брзи и итни чекори за приближување до европските стандарди“, пишува во соопштението.

На крајот се додава дека „соговорници ја истакнаа одличната соработка на двете сестрински партии и се заложија поддршката да продолжи да се развива и унапредува“.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе