Службите во Тетово на Македонците им велат дека се под 20 отсто и затоа не можеле да добијат еднојазичен документ

Биљана од Тетово во својата општина не можела да извади документ само на македонски јазик и морала за тоа да оди до Скопје. Во Тетово ѝ издавале само двојазичен документ, на македонски и на албански јазик, а на нејзиното упорно барање да ѝ биде издаден документ само на македонски јазик, за што има право, добила одговор дека Македонците во Тетово се под 20 отсто и не може да има еднојазичен документ.

Се работи за барање за уверение за слободна брачна состојба. Во Управата за матични книги во Тетово упорно одбивале на Биљана да ѝ издадат ваков документ само на македонски јазик. Таа во Тетово добила двојазичен документ, на македонски и на албански јазик. Во подрачното одделение жалбата ѝ бида одбиена, по што била приморана да замине во Скопје каде извадила таков документ само на македонски јазик, што како на Македонка законски ѝ следува.

„Во матичното во Тетово најпрво ми бараа дополнителни документи кои немаше потреба да ми ги побараат. Ми бараа докази дека сум платила и и-мејл коресподенцијата, кои ги доставив. Но проблемот е нешто друго. Го добив документот, но двојазичен без притоа да побарам таков“, објаснува тетовчанката Биљана.

Таа побарала документ само на македонски јазик.

„Службеникот ми рече дека не може да ми издаде еднојазичен. Според протоколот не можело. Ми пренесе дека шефот му рекол дека Македонците се под 20 отсто во Тетово и не може да има еднојазично уверение за слободна брачна состојба. Побарав да зборувам со шефот, а тој ми се закани дека ќе викнел полиција бидејќи јас присилно му барам на македонски јазик. Ми рекоа дека мора да биде така, и дека после шест месеци можам да аплицирам за нов документ. Во Тетово, ми рекоа, нема еднојазично уверение за слободна брачна состојба. На шефот му реков дека за ова ќе се обратам и до медеиумите за да се знае што им се прави на Македонците во Тетово. Не се загрижи многу“, вели Биљана.

Од Управата за водење на матични книги во Тетово велат дека се запознати со случајот и дека на барање на странката може да издадат документ само на македонски јазик.

„Овде се издава двојазично уверение за слободна брачна состојба. Во Тетово сите документи, дописи и други уверенија ги издаваме двојазично и до сега сме немале никаков проблем. Ако некој сака документ само на македонски јазик, треба да биде наведено во барањето зошто е потребен еднојазичниот документ и тогаш ние тоа ќе го направиме“, велат од Управата за водење на матични книги од Тетово.

Биљана за да добие еднојазичен документ морала повторно да плати во Скопје по што го добила и уверението само на македонски јазик. Таа вели дека во Македонија официјален јазик е македонскиот јазик и сосема небитна процентуалната застапеност на Македонците во една општина. Документите се издаваат на службениот македонски јазик, а на повеќе јазици се издава само по барање на граѓанин.

Според  член 3-а од Законот за матична евиденција матичните книги се водат на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Во подрачјата на единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20 % од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, образецот на матичните книги се печати и податоците во него се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. Изводите што се издаваат врз основа на матичните книги се издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.

А.Д.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе