ПО ДВАТА ЗЕМЈОТРЕСИ

Општина Центар без струја, сите се плашат од можни нови потреси

По попладневниот силен земјотрес во Скопје, дел од општина Центар остана без струја. Од ЕВН информираат дека се вклучил системот за автоматска заштита, по што некои од трансформаторите автоматски се исклучиле како дел од превентивната заштита од можни посериозни курцшлуси.

Во централното градско подрачје не работат ни семафорите.

Скопјани сѐ уште се на улица, по парковите и игралиштата, по земјотресот во 15.10 часот, кој беше со интензитет од 5,3 степени. Сите се плашат од можни нови потреси.

Веќе има информации за оштетувања на одделни објекти.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе