Собрание на Македонија

Опозицијата смета дека е незаконски изборот на член на Регулаторна комисија

Парламентарното мнозинство го донесе предлогот за именување на Лирим Сулејмани за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според опозицијата, станува збор за незаконит предлог бидејќи Сулејмани работи во ЕВН, што се коси со законските одредби. На седницата едногласно и без расправа беше донесена одлука за испраќање на припадници во меѓународни операции во Босна и Херцеговина и во Централноафриканската Република.

Во текот на расправата за пратеникот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се предлага член на Рeгулаторната комисија за енергетика кој по два основа не ги исполнува законските услови да биде член на комисијата.

„Првата причина е затоа што самиот сѐ уште работи во една приватна енергетска компанија (ЕВН) а тоа е дел и од неговата биографија. РКЕ одлучува за правилата, за цените и сите други правила на игра во енергетскиот сектор така што овде постои судир на интереси и прекршување на законското правило секој член на РКЕ да не смее да биде најмалку две години член на енергетска компанија. Втората причина е дека постои веќе еден член на РКЕ кој е дипломиран правник и согласно Законот за енергетика не може да има двајца правници во Комисијата. па неговиот избор би бил незаконит“, рече Милошоски.

Според Милошоски, како поранешен директор на КЕЦ Васил Главинов при ЕВН, доколку се избере Сулејмани за член при носењето на одлуки за повисоки цени на електрична енергија тој ќе тежнее кон изгласување повисоки цени на енергијата.

Неговиот сопартиец Бојан Стојановски истакна дека втор пат за два месеца се избира член на ова тело. и по втор пат, тоа се прави спротивно на законот по два основа, појаснети веќе од Милошоски.

„Тоа значи дека Собранието кое треба да носи законски решенија и каде најногу ќе се почитува законот не го прави тоа. Тоа значи дека ние како пратеници и оваа институција поттикнува кршење на законот и ја повикувам јавноста да изврши притисок за да пратениците на мнозинството свесно не го прекршат и овој пат Законот на енергетика“, рече Стојановски .

Пратениот Халил Снопче од Алијансата за Албанците истакна дека кандидатот кој се предлага од Владата има конфликт на интереси и Владата вели има морална одговорност бидејќи предлага лице кое не ги исполнува условите од конкурсот и законот.

„Не се спротивставувам на кандидатот туку на Владата оти предлогот не е во согласност со предвидените услови и има конфликт на интереси. Станува збор и за политички предлог“, рече Снопче.

Беше усвоен и Предлогот за престанок на мандатот на Наташа Јанковска за член на Државниот совет за превенција на детско престапништво.

Пратениците во Собранието на Македонија едногласно и без расправа ја донесоа Одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ALTEA" во Босна и Херцеговина и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA" во Централноафриканската Република.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе