Втор ден расправа за Буџетот

Опозицијата прашува каде се парите, СДСМ каде се парите од претходната власт

Во Собранието на Македонија се одвива расправата по ребалансот на Буџетот, започната вчера, а по чие донесување треба да почне реализацијата на четвриот пакет антиковид - мерки тешки 470 милиони евра. Опозицијата прашува каде се парите, што стана со распределувањето на средствата од претходните пакети, а од владејачката СДСМ прашуваат за задолжувањата на претходната власт.

Според ВМРО-ДПМНЕ расходите се на историски највисоко ниво, дефицитот пак, е на највисоко ниво, додека пак реализацијата на капитални инвестиции е на најниско ниво.

„Не очекуваме дека овој пакет мерки ќе даде успешни резултати. Во мерките имате скриени расходи и не можно да се реализираат сите средсва како и во претходните пакети", рече Никола Мицевски од ВРМО-ДПМНЕ.
Неговиот сопартиец Александар Николовски наведе дека само 8,2 отсто одвкупните расходи се помош за антикризните мерки.

Тоа, како што рече, е исто како од 1000 денари 900 денари да се приходи што треба да се соберат, а за 100 денари ќе се задолжи државата, додека кај народот за помош во задржување на работни места ќе се вратат само 82 денара.

Најголем хендикеп, како што рече пратеникот Антонио Милошоски, е што се кратат капиталните расходи.

„Во мала држава како Македонија најдобра работа што може да се направи е да се зголемат срествата и реализацијата на капиталните инвестиции, кои зависат од самата Влада, држава и општина. Ако се зголемат средствата ќе се ублажи економскиот удар. Неспсообноста на сегашната влада и на централно и локално ниво се гледа во реализација на капиталните инвестиции", истакна Милошоски.

Костадин Костадинов од СДСМ потенцира дека е важно во време на економски кризи државата да инвестира, но не и да прави споменици.
„Во 2009 година издадената еврообрзница од 175 милиони евра беше со камата од 10 отсто. Од заложна куќа да земавте помала камата ќе добиевте. Околу 270 мииони е еврообврзницата во 2015, со 6 отсто камата. Каде се парите? Само во 2020 и 2021 година по основ на главен долг сите ние теба да вратиме 770 милиони евра и по основ на камата 220 милиони евра, а тоа е една милијарда евра. Не го спомнувате Скопје 2014, таму се парите кои сите ние треба да ги враќаме", истакна Костадинов.

Неговата сопартијка Ирена Лазареска и одговори на опозицијата дека најдобро знае каде се парите, затоа што, како што рече, во 2006 наследија јавен долг од 1,5 милијарда евра, долгот кога заминаа од власта беше над 5 милијарди евра, а скриените долгови, како што рече, не беа испливани кога ја презеле власта.
Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски во расправаата наведе дека ова е најголема криза која се случи во еден момент и направи пад на БДП на најголемиот дел од сите економии во светот и сите држави ги зголемија своите дефицити и јавни долгови.

Појасни дека за трошењата од буџетот има две големи групи кои се проектираат во секој буџет, а тоа се трансфери кон пензиско, социјални фондови и здравство, што, како што рече, не е намалено во ребалансот и ќе бидат исплатени и пензиите и социјалните права и платите, а за субвенциите потенцира дека тие се на повисоко ниво проектирани, и оти земјоделството е сектор што покажа раст во оваа криза од 3,7 отсто.

Расходите, истакна заменик-министерот се зголемени за 4,1 отсто за да може да се финансираат пакетите на мерките и оттука зголемувањето на дефицитот и јавниот долг е од потребата да се финансираат предвидените мерки.

Расправата по ребалансот, почна вчера, а согласно Деловникот може да трае најмногу пет дена. По неговот донесување ќе почне да се реализираат мерките од четвртиот пакет предвидени за месеците октомври, ноември и декември, а поддршката изнесува 470 милиони евра.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе