Опозицијата нема да оди на денешната прослава на годишнината од Рамковниот договор

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива вчера објавија дека денеска нема да присуствуваат на одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека не одат на приватни паради во овие историски тешки времиња, а од Алијансата за Албанците и Алтернатива објаснуваат дека тие не се против Охридскиот договор, туку работат да го заштитат од каква било девалвација од луѓе како вас, мислејќи на ДУИ.

Во заедничкото соопштение на Алијанса за Албанците и Алтернатива се вели дека за овие две децении неуспешно се спроведува Охридскиот договор во сите други сфери. „Почитувани господа, претпочитавте да бидете на панелот и придружувани само од Бранко Црвенковски, Хари Костов, Христијан Мицкоски, Љупчо Георгиевски… Ние не сме виновни за ова, но никогаш не очекувајте да бидеме само ваша публика и гледачи на вашите неуспеси, како што нѐ поканивте давајќи им збор само на гореспоменатите лица.

Ние секогаш ќе бидеме тука за да ги отстраниме вашите маски и украдените мандати, почнувајќи од локалните избори и веднаш потоа со парламентарните. Лидерите на Албанците, Зиадин Села и Африм Гаши се тука, не затоа што сакате вие или не, туку затоа што тоа го сакаат Албанците“, го образложија своето недоаѓање од Алијанса за Албанците и од Алтернатива.

Христијан Мицкоски, лицерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Рамковниот договор е завршена работа, а приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи. „Наместо парите да ги пренаменат за други граѓански потреби, одлучиле да слават кога најмалку е време за славење. А во меѓувреме каква е реалноста? Гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово и после 4 години се уште не е реновирана. Нема ниту збор од канализацијата во Другово. Неколку километри автопат кон Косово и после година и половина не е мрднат од почетна точка. Исто болат солзите на мајката Македонка, Албанка, Турчинка, Ромка, Србинка…, кога се разделува од сопственото чедо кое заминува во туѓина поради тоа што не добило шанса во Македонија и уште многу, многу порази. Парадата ќе заврши, парите ќе се потрошат, коктелот ќе се испие, славењето ќе помине, а реалноста ќе остане, а таа реалност боли, пече поради неспособните политичари. Тие од Владата ќе продолжат да ме навредуваат со сиот гнев што го имаат кон мене, тоа го прават 4 години затоа што се уплашени, крајот доаѓа, а со крајот и одговорноста, но заедно со одговорноста нудиме чест, визија, многу работа и иднина. Вие, граѓаните за нешто повеќе од два месеци одлучувате во каква Македонија сакате да живеете“, изјави Мицкоски.

На овие соопштенија реагираа од ДУИ, партија од владината коалиција со СДСМ и главен носител на прославата. „Охридскиот рамковен договор од неговото потпишување до денес, 20 години по ред ја отсликува реалната и фактичка состојба на државата и нејзините граѓани за соживот со сите етнички заедници во земјата. Прославата на оваа 20 -годишнина од Охридскиот договор како основа за функционирање на државата, треба да нѐ најде обединети, а не поделени, додека дневните политики на ВМРО за оваа 20 -годишнина не треба да влијаат во поделба на граѓаните. Напротив. ВМРО-ДПМНЕ не треба да заборави дека тие се дел од изготвувањето и потпишувањето на овој договор и нивниот потпис фигурира таму. Овој договор стави крај на конфликтот во 2001 година и бегството од одговорност и неучество на јубилејната манифестација е едноставно политичко лицемерие и со ова ВМРО-ДПМНЕ докажува дека тие се партија која уште работи во политиката со едно етничка линија.

Што се однесува до албанските опозициски партии, тие како и обично не се редат таму каде што се прогресивните сили и нашите сојузници од САД и ЕУ, туку се редат позади ВМРО-ДПМНЕ и не заслужуваат посебно или одвоено внимание од ВМРО-ДПМНЕ“, реагираше ДУИ на одбивањето на поканите за присуство на денешната прослава во Александар палас на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе