Прекинато заседанието на законодавниот дом

Опозицијата ја напушти седницата, оставките на Филипче и Хасани не се на дневен ред на Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница и ја презакажа за утре откако претходно пратениците од опозицијата најавија дека денеска нема да учествуваат во работата на парламентот, поради тоа што не беа ставени како точка на дневен ред нивните предлог - одлуки за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани. Од Владата нивните оставки не беа доставени до Собранието. На владејачкото мнозинство му недостасуваа дваја пратеници кои се болни од ковид-19.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот Џафери дека и покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.

„Премногу е сензитивен моментот и сметам дека не треба да си играме со вакви работи, особено со оставки дадени од морални причини. Ние како законодавен дом нема да учествуваме во циркусот што премиерот Заев решил да го прави во овој период“, рече Мицевски, според кого оставките штом пристигнале до Владата, требало веднаш да бидат доставени до Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во процедурална забелешка рече дека министерот за здравство секогаш бил коректен со пратениците. Според него, дел од опозиционерите по излегувањето од салата ќе му се јават на Филипче за да му се извинат.

„Тоа што сакавте да го направите не ви помина, да ја искористите тагата на сите граѓани, на семејствата на починатите, за ваши ситни политички поени. Колку да сакавте да одглумите, се покажа дека не сакате да ги сочекате резултатите на органите на истрагата“, рече Митревски, според кого опозицијата и не дозволува да се заврши истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница па потоа да се носи одлука.

Митревски оцени дека опозицијата не се однесува фер кон интересот на граѓаните и државата.

„Денеска има точки на дневен ред кои се во интерес на граѓаните, како законот за облигациски односи, со кој побаравме каматите да не бидат поголеми од јавниот долг. Вие денеска ја напуштате седницата, токму кога на дневен ред има таква точка“, рече Митревски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери нагласи дека пратениците од опозицијата решиле како што се изрази,  од совест да не учествуваат во работа за која се платени.

„Оставете ја совеста. Нема јас да ја оценувам таа совест туку граѓаните на 17  октомври. Освен тоа, по фејсбук статуси повикуваат на мојата совест па затоа овде ќе кажам, покажете ја сликата на совеста. Денеска двајца пратеници од мнозинството се спречени да дојдат на работа од здравствени причини едниот е  во изолација поради член во семејството, а другиот со таква сериозна дијагноза на болест за што не знаме каков ќе биде крајниот резултат. Но тие одлучиле поради совест да не бидат на работа денеска. А јас пак сум должен и за денешниот ден да им потпишам налог за нивна исплата“, рече Џафери и ја прекина седницата, презакажувајќи ја за утре во 12 часот.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе