Собрание на Македонија

Опозицијата бара надзорна расправа за „Еуростандард банка“

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе достави барање за спроведување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на „Еуростандард банка". Иницијативата е поддржана од целата опозиција од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и Левица, информира пратеникот Зоранчо Јованчев.

„Станува збор за криминал од 200 милиони евра, каде оштетени се околу сто илјади. Овој криминал кој води до Струмица не смее да остане не расчистен. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа, на која ќе бидат повикани сите релевантни чинители, како гувернерката на НБРМ, сопственикот на банката, оштетените штедачи, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното обвинителство. Мора да има одговорност за секој оној кој го довел во опасност финансискиот пазар и имотот на граѓаните", рече Јованчев.

Тој додаде дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ оти банката свесно е доведена во стечај со одлевање на големи суми на пари преку кредити без покритие за финансирање на фирми од Струмица блиски до семејството Заеви, ги потврдил и сопственикот на „Еуростандард банката", кој јавно објавил и дел од фирмите каде, според него, завршувале парите од банката, а кои фирми немале покритие за кредитите, односно биле банкротирани.

За да се лоцира одговорноста, потенцира Јованечев, најдобро е да се откријат фактите, што според него, е и целата на оваа Надзорна расправа.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе