МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ ОДНОСИ

ОМО „Илинден“-ПИРИН: Во договорот за добрососедство да се вклучи и прашањето за малцинствата

ОМО „Илинден“­ ПИРИН, во врска со средбата на премиерите на Македонија и на Бугарија во Софија и најавата за потпишување на договор за добрососедство, соопшти дека секогаш и искрено поддржувала воспоставување на добрососедство меѓу двете земји на рамноправна, принципиелна и пријателска основа, но оти за траен и успешен нов договор за добрососедство освен посочените принципи треба да биде вклучено и прашањето за македонското малцинство во Бугарија и бугарското во Македонија.

На тој начин, според ­ОМО „Илинден“­ ПИРИН, малцинствата од повод за конфликти и недоверба ќе се претворат во мост за пријателство.

„Ја поздравуваме поддршката што Бугарија ѝ ја ветува на Македонија, но потсетуваме дека тоа е нешто што е нормално меѓу соседи и претставува враќање на големиот пријателски гест. Но, безусловна поддршка треба да има од двете страни.

Историјата на Балканот за жал постојно служи како причина за поделби и спротивставувања. Во таа насока многу добро звучи пораката на Борисов, историјата да се остави на историчарите, но за жал не гледаме тоа да се прави во Бугарија во однос на Македонија и Македонците. Се надеваме дека сега има искрена желба таквата состојба да се промени и историјата навистина да се остави на историчарите“, се вели во реакцијата потпишана од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Оттаму оценуваат дека во услови на продолжено отворено негирање на македонската нација и малцинство од страна на Бугарија општите чествувања нема да бидат од корист, а ниту ќе послужат за зближување, туку само ќе ги продлабочат поделбите. Ако сака вистинско зближување, како што велат, Бугарија треба да започне да размислува за нова стратегија на отповикување на досегашната негаторска политика.

„Ако напорите за започнување на заеднички чествувања се искрени, а не нов начин на негирање на македонскиот идентитет од страна на Бугарија, тогаш Бугарија треба да побара исти такви општи чествувања со останатите свои соседи, а не само со Македонија“, велат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.  

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе