ОМД: За дијаспората само електронско гласање

Се согласуваме со изјавата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски за потребата од промена на начинот на гласање во дијаспората. Тоа е можно само со електронско гласање, смета Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Укинувањето на гласањето во градови со низок одзив поради финансиската импликација, без овозможување на алтернативно решение за процесирање на гласовите на македонските иселеници, според ОМД е обид за одземање на најголемото демократско право со кое дијаспората се стекна по долгогодишни залагања за вклученост во одлучувачките процеси на матичната земја.

Наведувањето на слабиот одзив на дијаспората кој изнесува 1.836 регистрирани гласачи, како причина за оневозможување на гласање на македонските иселеници во 15 населени места со незадоволителен број на регистрирани гласачи, според ОМД е неиздржан. Наместо да се анимираат иселениците со поедноставен начин на гласање кој е во чекор со светските практики и технологии како би се зголемил цензусот во дијаспората, покрај големиот број дневно-политички и меѓу-партиски разочарувања кои ги одвратија иселениците во намерата да го искористат своето гласачко право, државата продолжува да го оспорува и отежнува нивното право на глас.

Со целосно разбирање за финансиската импликација на гласачкиот модел во дијаспората, ОМД потсетува дека дијаспората е и најголем инвеститор во Република Македонија со 1,5 милијарди евра годишно. Како би се намалила или анулирала финансиската импликација на гласачкиот модел во дијаспората, ОМД повеќекратно ја има елаборирано потребата од воведување на можност за електронско гласање, кое воедно е содржано и во последната Стратегија за дијаспората.

 

Република Македонија има потреба од промени на начинот на гласање во дијаспората со цел логистичко поедноставување и финансиско олеснување, но не и од одземање на правото на глас на македонските иселеници, особено не во екот на претстојните претседателски избори, тврди ОМД.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе