Македонско - американско пријателство

ОМД: Слоуткин стана член на конгресната група за пријателство со Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) соопшти дека конгресменката Елиса Слоткин, демократка која го претставува 8. конгресен округ во Мичиген, се приклучи на конгресна група за пријателство со Македонија и Американците со македонско потекло, која во моментов брои 35 членови. Слоуткин вели дека ѝ е чест што стана дел од пријателството и дека веќе била ангажирана за членство на Македонија во НАТО. Претседатлот на ОМД вели дека Слоуткин е еден од водечките гласови во САД кога станува збор за националната безедност.

Како што наведува ОМД, во Мичиген живее најголемата популација Македонци-Американци во Соединетите Американски Држави. Пет од 14 членови на конгресната делегација на Мичиген сега се членови на конгресната група за пријателство со Македонија, што ја прави сојузната држава Мичиген прва според број на претставници во групата.

„Ми беше чест да се сретнам со членовите на Обединетата македонска дијаспора и да изградам посилни односи со македонско-американската заедница во мојот округ и Мичиген. Со оглед на мојата претходна работа околу членството на Македонија во НАТО, ми претставува задоволство да се приклучам на конгресната група за пријателство со Македонија“, рече конгресменката Слоткин.

Членството на Слоткин уследи по нејзиниот состанок на 31 август со тимот на ОМД кој го сочинуваа претседателот Мето Колоски, секретарот на Одборот Џорџ Питерс, директорот на САД/претставник за Мичиген Деана Јанчески, и членовите и претставници на заедницата Кристина Атанасоска, Џанет Рајчевски и Невена Трајкова.

„За време на нашата средба, ги изразив најтоплите желби за 30-годишнината од Денот на независноста на Македонија и месецот на македонско-американското наследство. Ја искористив можноста да му се заблагодарам на македонското раководство за пречекот на авганистанските бегалци. Тоа кажува многу за гостопримството на земјата и со нетрпение очекувам да ја посетам во иднина“, заклучи конгресменката.

Колоски рече дека конгресменката Слоткин е еден од водечките гласови во САД за националната безбедност, која придонесува со богато искуство и знаење за Европа, Русија, Блискиот Исток и пошироко.

„ОМД со задоволство ја нарекува пријателка на Македонија и на нашата македонска заедница во САД, и со нетрпение очекуваме да работиме со неа и нејзините соработници за да ги унапредиме важните и стратешките американско-македонски односи“, изјави Колоски.

Конгресменката Слоткин служи во комисиите за вооружени служби, домашна безбедност и ветерани. Пред да биде избрана за членка на Претставничкиот дом на САД, таа беше вршителка на должност помошник – секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања. Во текот на нејзината кариера таа имаше функции во Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Пентагон, Белата куќа и во Канцеларијата на директорот за национално разузнавање, стопи во соопштението од ОМД

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе