ОМД: Доста е од компромиси, време е Македонија да ја зајакнува македонштината

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) преку соопштение изрази силна поддршка за ставовите на мнозинството на граѓаните во Република Македонија и бара од Владата веднаш да го одбие францускиот предлог кој што го смета за тројански коњ за бугарските националистички барања и апетити.

Францускиот предлог, според ОМД, вметнува билатерален спор во преговорите за влез во ЕУ, а Македонија не смее да дозволи Бугарија да успее во нивното историско негирање и ревизионизам.

„Истовремено, остро ја осудуваме изјавата на Бујар Османи дека доколку Македонија не го прифати францускиот предлог ќе има меѓуетнички тензии – заплашувањето на народот на никому не му е од корист. ОМД го потсетува Османи дека Македонија е НАТО членка и нејзините територијални граници се загарантирани со потпишувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу САД и Македонија во мај 2008 година“, се наведува во соопштението.

ОМД оценува дека францускиот предлог не дава никакви гаранции дека македонскиот јазик е чист и дека ќе стане официјален јазик на Европската Унија кога Македонија ќе стане полноправна земја членка.

„Предлогот само нотира дека ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик – тука нема погрешно протолкување – ова не е изјава на признавање. 

Со многукратното спомнување на членот 12 од Договорот за Добрососедство со Бугарија, францускиот предлог ги вметнува бугарските услови за идентитетот, јазикот и историјата кои се изгласани со резолуција од мнозинството на Бугарското Собрание. Во истото тоа собрание на земја членка на Европската Унија, на 24 јуни, триесетина бугарски пратеници гордо истакнуваа натписи со „Македонија е Бугарија”. 

Францускиот предлог ја менува преговарачката рамка и додава дополнителни услови. За Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ се додава условот дека мора Бугарите, кои според последниот попис во Македонија се 3.504 на број (еднакво на статистичка грешка), да се додадат во Уставот на Република Македонија, без каков било реципроцитет. Со овој потег, Владата на Македонија ги загрозува правата на Македонците во Бугарија кои немаат никакви права во таканаречената европска држава Бугарија“, пишува во соопштението.

ОМД упатува, како што вели. Јасна порака и до опозицијата.

„Да не ви се случи реприза на 2018 година кога 8 пратеници гласаа за промена на уставното име на Република Македонија. Ако Владата мисли да го усвои францускиот предлог, веднаш излегувајте од Собранието за да се оневозможат какви било уставни промени за што е потребно 2/3 мнозинство (80 пратеници).

 

Народот го кажа своето со овие масовни протести. Да се почитува гласот на народот, да се почитуваат комитите, партизаните и сите оние кои имаат дадено жртва за нашата Македонија. Доста е од компромиси, потчинетост и самонепочитување. Време е Македонија да се посвети на зајакнување на македонштината“, порачуваат од ОМД. 

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе