ОМД: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение ги отфрла, како што вели, непристојните барања на Бугарија за Македонија околу историјата, јазикот и малцинството како предуслов за влез на нашата земја во ЕУ.

Во овој важен момент на долгоочекуваниот процес на пристапување во ЕУ, стои во денешното соопштение од ОМД, многу е очигледно дека Бугарија cе занимава со политички опортунизам, а против ранливата македонска држава, како средство за извлекување некакви отстапки.

„Бугарија користи сè и сешто за да го казни македонскиот народ, дури и основните работи како што cе јазикот, националниот идентитет и историјата. ОМД смета дека бесрамните изјави на бугарската Влада не се конструктивни за легитимно унапредување на преговорите со ЕУ“, соопштија денеска од ОМД, организација на македонските иселеници и Македонците родени во САД, формирана во 2004 година

Тие, дополнува, ниту пак придонесуваат во поттикнување на пријателски односи меѓу двете соседни држави. Наместо тоа, го нарушуваат кредибилитетот и транспарентноста на процесот на пристапување кон ЕУ, а истовремено го исмејуваат и наводниот договор за „пријателство" меѓу двете држави.

Од ОМД посочуваат дека „ваквите агресивни ставови намерно се пласираат сега, а во прилог на одвлекување на вниманието на домашната јавност од проблемите со кои cе соочува владата на Бојко Борисов, вклучувајќи ја и широката распространетата корупција, организираниот криминал и девалвираните демократски стандарди на Софија".

„Актуелната влада во Бугарија cе соочува со растечки протести и секојдневни собири на незадоволни граѓани“, велат од организацијата ОМД

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе