По повод Меѓународниот ден на бегалците

Омбудсманот ги повика властите целосно да се почитуваат правата на бегалците

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, кога целата меѓународната јавност своето внимание го насочува кон состојбите на присилно раселените лица, Народниот правобранител се приклучува кон апелот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации за потребата од поголема инклузивност на оваа категорија лица, особено во областите здравство, образование и спорт. Институцијата упати препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата

„Народниот правобранител како Национална институција за човекови права постојано го следи постапувањето со мигрантите и бегалците на територијата на Република Северна Македонија и во повеќе наврати укажува на предизвиците со кои се соочуваат овие лица во пристапот до здравствените услуги и образованието за нивните деца“, се вели во пораката на обдусманот.

Во пораката се нагласува дека пандемијата со ковид-19 уште еднаш покажа дека никој не може сам и дека е неопходно да се биде заедно во решавање на сите потешкотии што ги носи денешницата.

„Имајќи предвид дека инклузивноста е еден од клучните столбови на кои се потпира принципот на солидарност, а на чија идеја почива и самата Конвенција на Обединетите нации за статусот на бегалците, Народниот правобранител по повод овогодинешниот Ден на бегалците упатува препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата, зачувувајќи го нивното достоинство и враќајќи им го чувството на безбедност и сигурност“, соопшти Народниот правобранител.

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе