„ОСТАНУВАМЕ БУДНИ“

Окупацијата ќе заврши, пленумци синоќа победата ја прославија со журка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По вчерашниот состанок меѓу претставници на Студентски и Професорски пленум и претставници на власта, Министерството вети дека ќе биде подготвен сосема нов закон за високо образование. Пленумци синоќа извојуваната битка ја прославија со журка на платото пред УКИМ, а окупацијата ќе биде прекината.

 

Денеска престанува и бојкотот на наставата на оние факултети што не беа „окупирани“, а студентите во автономните зони ќе продолжат со алтернативни предавања уште најмалку 2-3 дена.

Пораката на студентите е „Остануваме будни“.

„Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности,непотребните давачки како ИКСА, корумпираните студентски парламенти...“, напиша вчера Студентски пленум на својата фејсбук-страница. „Студентскиот пленум не застанува тука!“

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе