Околу 16 часот малку демонстранти пред Собранието

Околу 16 часот малку демонстранти останаа на булеварот пред зградата на Собранието на Македонија, каде од 12 часот се протестираше со пораки до пратениците да го отфрлат францускиот предлог, како и со пораки до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која во 13 часот имаше обраќање во парламентот. Неколку стотици луѓе останаа да седат под сенка во Жена парк спроти Собранието

Фото:Ж.П,Б.

За време на неколкучасовниот протест беа истакната бројни транспаренти со пораки дека Македонија е антифашистичка земја, дека не се прифаќа бугаризација и дека францускиот предлог треба да биде отфрлен.

Во еден момент кон зградата на Собранието беа фрлани јајца и тоалетна хартија, како и неколку празни пластични шишиња, Две лица кои фрлале камења биле приведени, сооопшти МВР:

Легенда под Главна слика

Фото:Ж.П,Б.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе