Реакција

ОЈО: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело

Објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“ освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, најостро осудувајќи го ваквиот настан.

„Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката“, посочуваат од ОЈО.

Од Обвинителството нагласуваат дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ѝ укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата“, се наведува во нивното соопштение.

Утринава на интернет се појави документ со исказот на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството за тоа како бил уценуван од Бојан Јовановски од септември 2018 до април 2019 година.

Според овој документ Орце Камчев во исказот на 2 мај пред обвинителството рекол дека од Бојан Јовановски и група луѓе бил уценуван од септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та. Рекетот почнал откако Бојан Јовановски побарал средба со бизнисменот Орце Камчев на која Боки му нудел проект за трговски центар. Според Боки 13 се работело за некаков „Фешн мол“. Јовановски потоа нудел проекти вредни 4,6 па 8 милиони евра. Во исказот на Камчев се споменуваат и адвокатот Васко Димишковски, брат на судијката Весна Димишкова, Ана Камчева, Зоки Милевски, Цветан Панделевски, Лиле Стефанова, Сергеј Варошлија, Катица Јанева, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Зоран Заев, Фросина и Јовче Ременски...

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе