ОЈО ГОК за аферата со фалсификуваната кривична пријава го повика Мицкоски ако има докази да ги достави

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по брифингот на кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини за наводен фалсификат на кривична пријава, вели дека постапува по Известувањето во онаа форма во која го добил во работа. Според Мицкоски, фалсификатот на кривичната пријава го направиле Лазе Велковски и Вилма Русковска. 

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како и во досегашната практика нема да коментира изјави на лидери на политички партии или други институции. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува по Известувањето за кое покажувате интерес во онаа форма во која го добил во работа. Доколку некој поседува докази дека известувањето имало поинаква содржина при неговото изготвување, а потоа се направени содржински измени што би значеле извршување на кривично дело фалсификување, како и времето кога тоа е извршено, потребно е тие докази да ги достави до надлежното обвинителство“, ни одговорија од Обвинителството во врска со овие обвинувања. 

На 27 февруари 2020 година МВР поднесува известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за пријавата од фирмата „Рубитон" од Битола за сторени злоупотреби по добиен тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола. Во привиот примерок од ова известување на третата страница сопствениците на „Рубитон" велат дека им било побарано 250.000 евра или една четвртина од вредноста на добиениот тендер, а парите требале да ги однесат авансно на лицето Вице Н., да му се јават и да договорат средба во хотел „Вила Парк" во Струмица. Опозицијата се сомнева дека на иницијатива на Лазе Велковски, токму овој дел од документот бил избришан во ЈО со помош на Вилма Русковска, иако веќе бил заведен. Станува збор за сериозна злоупотреба на службената должност.

Случајот почнува откако фирмата „Рубитон" во 2018 година го добива тендерот за ископ на јаловина за РЕК Битола на „откопно поле В" во вредност од околу еден милион евра. Според пријавата, откако почнала процедурата за подготовка на ископувањата, пред да се добие дозвола за влез на механизацијата на „Рубитон", сопствениците Васил Василев и Јани Радивлев почнале да се соочуваат со низа рекетирања. Василев од Васко Ковачевски од РЕК Битола добил понуда да отстапи 50% од договорената работа на „СВ инвест". Вториот телефонски разговор завршил со барање за отстапување на 75% од бизнисот, по што Ковачевски повторно бил одбиен. Наредниот ден се одржала средба меѓу Ковачевски, Василев, Радивчев и Столе Чифлигаровски (сопственик на „СВ инвест") во менувачницата „Саат кула" во Битола каде на „Рубитон" им е понудено да добијат само 1 отсто од бизнисот, а 99% да го преземе „СВ инвест". Василев и Радивчев биле убедувани дека тоа законски е можно, дека тоа го правеле и порано само со нотарски заверена изјава. Сопствениците на „Рубитон" го одбиле и ова и побарале да почнат да си ја извршат работата.

После сето ова, доаѓа до уште една средба во хотелот „Епинал" во Битола каде Василев ја добил најбезобразната понуда – да даде 250 илјади евра во кеш, со објаснување дека парите се потребни за референдумот, за кампања за изборите... И тука во првиот документ се споменува името на Вице Н., на кого требало да му бидат дадени парите во кеш, а во вториот документ овој податок го нема.

По ова „Рубитон" го губи тендерот по „смислено сценариото од одговорните лица во РЕК Битола за оневозможување и кочење во исполнување на договорените обврски пропишани во договорот за работа, што на крај довело до раскинување на самиот договор и наплата на банкарската гаранција и претрпена штета од околу 30 милиони денари", пишува во пријавата, поднесена лани на 27 февруари, а за која нема никаква информација за тоа дали ЈО постапува или не по ова известување од МВР.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе