Дали ќе има кривична пријава за Пецаков

Oхридскиот градоначалник се гушкаше на Водици, а ковид - тестот бил позитивен

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е можно да добие кривична пријава затоа што ден пред Водици направил ковид-тест, а следниот ден учествувал на прославата на Водици кога се фрлаше крстот во Охридското Езеро и притоа дури и не носел маска на лицето.  Тестот што го добил бил позитивен на вирусот, но тој, сомневајќи се дека не соодветствува со неговата здравствена состојба направил уште еден во растојание од 36 часа, а тој бил негативен. Според владините уредби, од моментот на правање на тестот, секое лице е во самоизолација до добивање на резултатот.

Охридскиот Центар за јавно здравје, како и СВР Охрид го разгледуваат случајот дали соодветствува за кривична пријава за загрозување на јавното здравје, а од МВР велат дека по расчистување на случајот е можно да биде поднесен соодветен поднесок.

На прославата на Водици, ден по тестирањето, Пецаков беше присутен меѓу граѓаните, беше во разговор и со својите сопартијци и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и во близина на евроабмасадорот Дејвид Гир. Имаше блиски средби со граѓаните, се гушна и со фаќачот на крстот. Позитивниот резултат, како што вели, го добил вечерта.

Се тестирал заради семејно патување во странство, а не заради симптоми, сопругата била негативана, тој позитивен. Се посомневал, зашто не чувствувал никаков симптом,  па потоа, по 36 часа, направил нов ПЦР тест, во истгата установа, во Центарот за јавно здравје, кој бил негативен.

Градоначалникот Пецаков синоќа, на својот фејсбук напиша со охридски дијалект: „По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е ... се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми‼️ Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате".

Медиуми од Охрид јавуваат дека тестирањето во градот се зголеми откако присутните на прославата на Водици разбраа дека меѓу нив, како позитивен на ковид-19, бил градоначалникот.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе