Охридски дијалог: Следни чекори што ја очекуваат Македонија

Охридскиот дијалог денеска официјално почна со панелот за следните чекори што ја очекуваат Македонија, а на утринската сесија на која учествува и премиерот Зоран Заев, учесниците се согласиле дека се тука за да помогнат, да се постигне уште поголем напредок во евроатланските интеграции на државата.

„Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството. Денес Северна Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ стандардите“, било истакнато на утринската сесија.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на панелот било заклучено дека „само две години по ослободувањето на државата од претходниот хибриден режим, земјата ги решила проблемите со соседите, има подобрување на регионалната соработка и сите економски индикатори покажуваат зголемување на трговската размена и на странските директни инвестиции“.

„За само две години од изолирана држава, Северна Македонија стана релевантен партнер и пример во регионот“, заклучиле учесниците.

Охридскиот дијалог претставува стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија и регионот.

Како дел од Охридската група се и поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, како и голем број поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да ѝ помагаат на земјава во остварување на нејзините евроатлански интеграции.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе