Робертсон, Солана, Билд...

Охридската група, лобистите за ЕУ и НАТО, веќе нѐ нарекува „Република Северна Македонија“

Членовите на „Група Охрид“, формирана од македонската влада, бараат премиерите на земјите членки на ЕУ да дадат датум за преговори за Република Северна Македонија.

„Силно ги повикуваме лидерите на НАТО и Европската Унија да ја поканат Република Северна Македонија да почне пристапни преговори кога ќе се сретнат до крајот на месец јуни и на почетокот на идниот месец“, пишува во писмото испратено вчера.

На писмото се потпишани екс генералните секретари на НАТО Џорџ Робертсон и Хавиер Солана, амбасадорот Волфганг Ишингер, екс претседателот на Бугарија Плевнелиев, поранешниот министер за надворешни работи на Шведска Карл Билд и францускиот дипломат Алан Лероа.

„Група Охрид“ е неформална група за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, формирана од македонската Влада.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе